Интер оваа сезона игра одлично како во Серија А така и во Лигата на шампиони, но Спалети сака додатно да го засили тимот во зимскиот преоден рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Главна цел на „нероаѕурите ќе биде засилување на средниот ред, а „Скај Италија“ тврди дека прво име на списокот е Цеск Фабрегас.
Шпанецот не добива голема минутажа оваа сезона во Челзи и е спремен да ја промени средината, а олеснителна околност е фактот што неговиот договор истекува на крајот на сезоната.
Проблем за Интер е што за неговиот потпис е заинтересиран и Милан, но „нероаѕурите“ се во предност поради фактот што играат во Лигата на шампиони.
Сепак, доколку најавите за доаѓање на Арсен Венгер во Милан се вистините тогаш „росонерите“ ќе имаат голем „џокер“ бидејќи Фабрегас е во одлични односи со францускиот стратег.