Микел Артета денес дебитираше со реми на клупата на Арсенал, а англиските медиуми тврдат дека Шпанецот сака значително да го засили тимот во зимскиот преоден рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Со оглед на слабите резултати во есенскиот дел од сезоната, јасно е дека Артета ќе сака да го засили тимот во зимскиот преоден рок, а „Мирор“ тврди дека главна трансфер цел на „топџиите“ ќе биде напаѓачот на Лион Муса Дембеле.
Дембеле е централен напаѓач кој може да игра и на крилните позиции, па би требало да биде замена за Лаказет, кој е на излезна врата од тимот.
Оваа сезона Дембеле постигна 10 гола на 18 натпревари во француската Лига 1, но Лион сигурно нема лесно да се откаже од него.