Дома Топ вести Отказот на Тухел може да ги расипе плановите на Реал Мадрид

Отказот на Тухел може да ги расипе плановите на Реал Мадрид

Реал Мадрид тешко ќе може да го купи Килина Мбапе од ПСЖ после заминувањето на Томас Тухел, пренесува весникот „АС“.

Мбапе сакал да го напушти францускиот клуб поради лошите односи со германскиот тренер.

Мбапе поради тоа одолговлекува до продолжување на договорот со ПСЖ, а тоа сакаше да го искористи Реал Мадрид. „Кралевите“ се спремни на лето за неговиот потпис да понудат 180 милиони евра.

Ако ПСЖ успее да го убеди 22-годишниот Французин да стави потпис на нов договор, тогаш неговата цена ќе порасне, а „светците“ сигурно ќе ги одбиваат сите понуди.

Медиумите тврдат дека после заминувањето на Тухел многу поголеми се шансите Мбапе да го продолжи договорот со ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Од Островот порачуваат: Дајте ни го ЕП да го организираме, ние сме спремни!

Изгледа дека шансите Европското првенство да се одигра само во Велика Биртанија. Главната …