Дома Фудбал Англија Отаменди го напушта Манчестер Сити и се враќа во Аргентина

Отаменди го напушта Манчестер Сити и се враќа во Аргентина

otamendi

Англиските медиуми пренесуваат дека Николас Отаменди ќе го напушти Манчестер Сити на крајот од оваа сезона.

Отаменди пристигна на „Етихад“ летото 2015 година од Валенсија за 45 милиони евра. Сепак, аргентинскиот дефанзивец не игра во добра форма оваа сезона и Сити на лето сака да се ослободи од него.

Се чини дека ова нема да им претставува проблем бидејќи Отаменди неодамна ја покажа својата желба да го напушти англискиот клуб и да се врати во Аргентина. Овој 32-годишен стопер ја напушти Аргентина пред десетина години, кога се пресели во Порто и очигледно му е доста да биде далеку од дома.

Отаменди порасна во дресот на Велез Сарсфилд, а играше уште и за Порто, Атлетико Минеиро и Валенсија. За репрезентацијата на Аргентина одигра 70 натпревари и постигна 4 погодоци.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Знаете ли колку време Мурињо нема победа во нокаут фазата во ЛШ?

Вчера Тотенхем запиша пораз од Лајпциг во осминафиналето од Лигата на шампионите, Лајпциг …