Турските медиуми пренесуваат дека Арда Туран е пред изненадувачки трансфер во Бразил, каде веќе постигнал договор со Фламенго.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Фудбалерот кој во овој момент настапува за Башакешир минатата година се степа со популарниот пејач Беркај Шахин, а потоа турскиот суд го осуди на три години условна затворска казна.
Поради тоа кариерата на овој 33-годишен фудбалер е во голем пад, па ќе направи изненадувачки трансфер во Бразил.
Туран неодамна ја раскина соработката со Башакешир, па може без обештетување да му се приклучи на бразилскиот шампион.
Најдобрите денови од својата кариера Турчинот ги помина во Атлетико Мадрид, од каде направи трансфер во Барселона.