Дома Останати Кошарка НБА Осми трипл-дабл за Јокиќ, Америка го дочека Зијон кој дебитираше спектакуларно! (ВИДЕО)

Осми трипл-дабл за Јокиќ, Америка го дочека Зијон кој дебитираше спектакуларно! (ВИДЕО)

Деневер изгуби на гости од Хјустон со 121:015, Никола Јокиќ во поразот на неговиот тим стигна до осмиот трипл-дабл во сезоната.

Јокиќ натпреварот го заврши со 19 поени, 12 скокови и 10 асистенции. Тоа беше негов осми трипл-дабл во кариерата и 36. вкупно во кариерата. Наџентси натпреварот го играа без Џамал Мареј, Мајкл Портер, Пол Милисап и Гери Харис.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Хјутон доминираше и скоро во текот на целиот натпревар имаше двоцифрена предност.

Најдобри кај Хјустон беа Расел Вестбрук со 28 поени, 16 скокови и осум асистенции и Џејмс Харден со 27 поени, пет скокови и пет асистенции.

Главна тема во НБА изминатата вечер беше дебито на првиот пик од драфтот во 2019 година, Зијон Вилијамсон. Зијон конечно дебитираше во најсилната лига во светот. Неговиот Њу Орлеанс претрпе пораз од Сан Антони, но младиот кошаркар го запиша своето име во историјата.

Вилијамсон надвор од терените беше скоро три месеци откако пред почетокот на сезоната го оперираше коленото. Сега го дочека својот прв НБА натпревар. На теренот помина 18 минути и за тоа време постигна 22 поени и додаде седум скокови и три асистенции.

Зијон стана првиот играч во НБА кој имал шут за три 4/4 на своето деби.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…