Дома Трансфер зона Оскар: Барселона? Разговаравме, можеби на лето

Оскар: Барселона? Разговаравме, можеби на лето

Во претходните денови Бразилецот Оскар се поврзуваше со враќање во Европа и тоа во редовите на Барселона.

Сега, Оскар потврди дека со Барселона имало разговори, а дека таков трансфер би можел да се случи на лето поради финансиските проблеми во Барселона.

„Разговаравме со Барселона, можеби на лето. Преговорите не се завршени, треба да се договорат повеќе работи. Во овој момент тие имаат проблеми со регистрацијата на играчи. Треба и јас да зборувам со Шангај, затоа ќе видиме што ќе се случи на лето“, изјави Оскар.

Оскар пред неколку години ја изненади фудбалската јавност кога играше одличен фудбал во Челзи и одлучи да се пресели во Кина.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Астон Вила доведе големо засилување од 45 милиони евра

Завршен е првиот трансфер на звучно име во англиската Премиер лига за следната сезона. Бра…