Дома Останати Освои титула во „друга состојба“: Серена на Снепчет објави дека е бремена

Освои титула во „друга состојба“: Серена на Снепчет објави дека е бремена

Најдобрата светска тенисерка Серена Вилијамс на својот профил на „Снепчат“, објави дека е бремена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Серена Вилијамс, една од најуспешните тенисерки на сите времиња, која освои шест титули на последните десет Гренд Слем турнири, во 35 година од животот објави дека е бремена со своето прво дете.

Оваа вест таа ја објави преку мрежата „Снепчет“, а сликата ја нарече „20 недели“. Американката е во врска со основачот на „Ридит“, Алекс Оханијан.

Серена на почетокот на годината ја освои титулата на Аустралијан Опен што беше нејзина рекордна 23-та Гренд Слем титула.

Серена ја престигна Штефи Граф на вечната листа и се издвои на првото место според бројот на освоени Гренд Слем титули на четирите најголеми турнири во опен ерата, додека во генералниот поредок една титула повеќе има Маргарет Корт.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

„Бев уништен, плачев по цели денови“: Надал ја отвори душата за борбата со ретката болест

Рафаел Надал освои 22 гренд слема во својата кариера. Кој знае колку би имал и како би се …