Фудбалерот на Јувентус, Гонзало Игуаин е успешно опериран денес по фрактурата на левата рака.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Како што објави италијанскиот клуб, операцијата минала како што треба.
Игуаин веројатно ќе го пропушти дербито во Серија А против Наполи во петок, зад кој Јувентус има четири бода негатива.
Аргентинскиот напаѓач натпреварот против Кротоне го мина на клупата, а оваа сезона постигна осум погодоци на 13 натпревати во првенството.
Прв напаѓач на мечот против Наполи за „Старата дама“ би требало да биде Марио Манџукиќ.