Вардар одигра одличен натпревар на отварањето на силниот меѓународен турнир во Стразбур. Црвено-црните во најголем дел од дуелот имаа предност против ПСЖ, која во еден момент изнесуваше највисоки седум голови разлика. Сепак во вториот дел, французите ја “стопија„ негативата и на крајот се изборија за нерешен резултат (33:33). Еден од најдобрите голмани на денешеницата, Тиери Омејер истакна дека Вардар е голем тим и дека за неговиот тим се добродојдени контролни натпревари со вакви силни екипи.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


-Поголем дел од мечот бевме принудени да го бркаме резултатот, но на крајот успеавме да ги дадеме нашите седум гола и да изедначиме. Треба уште да работиме, што пак е нормално бидејќи ова се подготовки. Вардар е голем тим, секогаш е добро да се одмерат силите со нив, изјави Омејер.

Денес со почеток од 18:15 часот Вардар го игра вториот натпревар на турнирот, противник е екипата на Брест Мешков.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Охрид ја почнува борбата против Татабања за пехарот во Европскиот куп

Охрид денеска ќе го одигра првиот натпревар од финалето во Европскиот куп на ЕХФ, гостувај…