Дома Останати Кошарка НБА „Ол-Стар“ натпреварот ги исполни очекувањата, Кари постави рекорд 🎥

„Ол-Стар“ натпреварот ги исполни очекувањата, Кари постави рекорд 🎥

Најдобрите кошаркари на денешницата во Кливленд изминатата вечер го одиграа „Ол-Стар“ натпреварот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Тимот на Леброн Џејмс го победи тимот на Кевин Дурант со резултат 163:160. Токму Џејмс беше тој кој го одлучи победникот на крајот. МВП на натпреварот беше Стеф Кари кој постигна 50 поени. Најдобриот шутер на денешницата погоди и 16 тројки што е нов рекорд.

Lazar Keskinov

Кога натпреварот се решаваше Јанис Антетокумпо од едната и Леброн од другата страна беа клучните играчи, на крајот поуспешен беше „кралот“. Гркот го заврши мечот со 30 поени и 12 скокови. Треба да се издвои и учинокот на Џоел Ембид кој имаше 36 поени и 10 скокови.

Lazar Keskinov

Лука Дончиќ настапи за победничкиот тим со скромен учинок од осум поени, додека Никола Јокиќ постигна десет и додаде уште девет скокови и осум асистенции. Во последната четвртина српскиот кошаркар не играше.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Барселона најде замена за Ханси Флик

Ханси Флик останува во Барселона до јуни 2028 година, а каталонскиот клуб веќе има план за…