Дома Останати Кошарка НБА Ол-Стар: Американците се одмаздија на тимот на светот, Колинс го „кршеше“ обрачот – Кузма МВП! (ФОТО+ВИДЕО)

Ол-Стар: Американците се одмаздија на тимот на светот, Колинс го „кршеше“ обрачот – Кузма МВП! (ФОТО+ВИДЕО)

Тимот на Сад успеа да го совлада тимот на светот со 161:144 во натпреварот на „ѕвезди во подем“.

Лука Дончиќ и Богдан Богдановиќ не успеаа да донесат победа за тимот на светот. Тимот на светот минатата година убедливо ги победи Американците со 155:124 и од почетокот на натпреварот изгледаше како помалку заинтересиран за победа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Од друга страна младите момци на САД понесени од искуството минатата година солидно го затвараа рекетот и лесно поентираа во нападот.

Кајл Кузма и Џејсон Татум беа одлични во обидите за три поени, додека Колинс забиваше и се загреваше за натпреварот на забивања на кој ќе има учество.

Екипата на Богдан Богдановиќ и Лука Дончиќ од друга страна шутираа тројки и после десет минути губеа со десет поени разлика 40:30.

САД одржуваше предност и во втората четвтина имаше помалку осцилации, тоа се промени кога Богдановиќ успеа шутерски да им се приклучи и да уфрли две тројки и два пати да асистира, а неговиот тим се доближи на 52:50.

Меѓутоа по испробаниот рецепт кога и светот да се приближеше, Американците додаваа гас и повторно експресно правеа разлика на десет или повеќе поени. Изгледаше и како премногу лесно да го прават тоа.

Татум и Кузма доминираа, а играчот на Лејкерс беше одлучен да го добие признанието МВП на натпреварот и на крајот само беше прашање кој ќе уфрли повеќе поени Кузма или Татум. За тоа време, Колинс учествуваше со страшни забивања.

Тимот на светот дури во последната четвртина заигра и малку подобро во одбраната и дури тогаш можевме да видиме нешто кое потсетува на официјален натпревар.

Сепак, тогаш веќе беше прекасно бидејќи Американците одговорија на ист начин – со добра игра и на двете страни од паркетот.

Со оглед на тоа дека Американците веќе имаа двоцифрен капитал на светот не му преостана ништо друго освен да шутира од далечина до крајот на натпреварот. САД ја искористи предноста и направи предност од +17.

Најефикасен беше Кузма со 35 поени, Татум додаде 30 и запиша девет скока, додека Јанг асистираше десет пати и имаше седум скокови и 25 поени.

Во тимот на светот Бен Симсон со 28 поени, пет скокови и шест асистенции беше најдобар, Богдановиќ го заврши натпреварот со 15 поени, пет скокови и шест асистенции. Лука Дончиќ кој стандардно е фантастичен кај Далас малку потфрли и има овој натпревар го заврши со 13 поени и девет асистенции.

Во наредните два дена во рамките од 68-тиот „Ол-Стар“ следиваат натпревари во забивања и тројки, натпреварување во вештини, додека шлагот на тортата е натпреварот на сите ѕвезди во недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Хаос на трибините, братот на Јокиќ нападна навивач🎥

Кошаркарите на Денвер синоќа на драматичен начин го совладаа Лос Анџелес Лејкерс во НБА пл…