Дома Фудбал Останато Олимпијакос му приреди шок на Милан во Пиреа – го елиминираше уште во групната фаза од ЛЕ! (ВИДЕО)

Олимпијакос му приреди шок на Милан во Пиреа – го елиминираше уште во групната фаза од ЛЕ! (ВИДЕО)

Вечерва беа одиграни и последните натпревари од групната фаза во Лигата на Европа.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најголемоти изненадување го приреди Олимпијакос кој на домашен терен го совлада Милан со 3:1 и така го елиминираше уште во групната фаза од второто по ранг натпреварување во Европа.

Првото полувреме заврши без погодоци, а потоа во 60-тата минута Олимпијакос стигнува до предност. Домаќините изведоа брзо еден корнер и одбраната на Милан беше фатена на „спиење.

Десет минути подоцна домаќините стигнаа до предност од 2:0 после несреќниот автогол на Запата. Овој фудбалер само две минути подоцна се „извади“ и намали на 2:1.

Резултатот 2:1 Милан го водеше во следната фаза, а изгледаше дека „росонерите“ ќе се извлечат, но после еден корнер Олимпијакос добива пенал кој го реализираше Фоуртунис за 3:1 и големо славје во Пиреа.




Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Големиот Санти Казорла „отсвири крај“!

Шпанскиот креативец Санти Казорла објави крај на својата кариера на 42 годишна возраст. Со…