Германскиот весник „Билд“ пишува дека ѕвездата на Арсенал остана без договор со „Адидас“ вреден 25 милиони евра за седум години.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Претходно истото го направи и компанијата „Мерцедес“, а весникот открива дека причина за тоа се политичките ставови кои ги има фудбалерот.
За потсетување Озил најпрвин се најде на мета на критиките во Германија кога се сретна со турскиот претседател Ердоган, како дел од неговата кампања. Подоцна Ердоган беше и гостин на свадбата на Озил.
Исто така Озил имаше остри критики јавно упатени кон Кина поради односот и мачењето на ујгурските муслимани во оваа земја. Очигледно дека неговите ставови не им се допаѓаат на компаниите.