Дома Трансфер зона Озил на мета на Мурињо: Можна нова размена помеѓу Арсенал и Јунајтед

Озил на мета на Мурињо: Можна нова размена помеѓу Арсенал и Јунајтед

Фудбалерот на Арсенал, Месут Озил кој неодамна се повлече од репрезентацијата на Германија добива голем број критики поради слабите настапи во дресот на „топџиите“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Озил во последно време на големо се поврзува со заминување од Арсенал, досега како негов нов потенцијален клуб најмногу поради неговите „турски врски“ се споменуваше Фенербахче.

Денес медиумите од Островот пренесуваат дека Жозе Мурињо кој со Озил соработуваше три години во Реал Мадрид би сакал да ја обнови соработката со Германецот, овој пат во Манчестер Јунајтед.

Соработката со Мурињо би можела да биде привлечна за Озил со оглед на тоа дека токму под негово водство играчот за врска го играше најдобрито фудбал во кариерата.

Како една од опциите преку која Озил би завршил на „Олд Трафорд“ се споменива Ерик Бајли кој би тргнал во спротивен правец. Бајли во Јунајтед имаше лош почеток на сезоната, па сега почесто се наоѓа на клупата за резерви.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…