Дома Фудбал Англија Од Челзи имаат јасна порака за Барса: Пред Меси тука беше Лампард (ВИДЕО)

Од Челзи имаат јасна порака за Барса: Пред Меси тука беше Лампард (ВИДЕО)

0

Лионел Меси во викендот кој е зад нас ја воодушеви фудбалската јавност со хет-трикот во кој постигна и еден магичен гол кога го лобуваше голманот на тимот од Андалузија.

Овој негов погодок и два дена после натпреварот е тема на спортските медиуми ширум светот. Денес на овој гол на Меси реакција дојде од таборот на Челзи кој објави сличен гол на Френк Лампард.

Сините“ под видеото испратија јасна порака со која порачуваат дека Лампард многу порано го направил она за што на Меси денес му се восхитува фудбалскиот свет.

„Пред Лионел Меси, тука беше Френк Лампард“, гласи пораката на клубот од Лондон.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сари од херој за Неапол сега е предавник – ова е доказ! (ФОТО)

Кога стигна официјалната потврда дека Маурицио Сари ќе биде нов тренер на Јувентус тој пов…