Дома Фудбал Од Мадрид не запираат да обвинуваат: На Ернандез не му е прв пат да и помогне на Барселона (ФОТО)

Од Мадрид не запираат да обвинуваат: На Ернандез не му е прв пат да и помогне на Барселона (ФОТО)

Многу прашина се крена по ремито (0-0) во „Ел Класико“ меѓу Барселона и Реал Мадрид, а навивачите на клубот од престолнината на Шпанија не прекинуваат да ги критикуваат ривалите од Каталонија.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Судијата Алехандро Ернандез е главен виновник за ремито на „Камп Ноу“ според навивачите на Реал Мадрид, зашто не досудил два чисти пенали за „кралевите“.

Тие пишуваат дека тоа не му е првпат на Ернандез да ги оштети „кралевите“, па нешто слично прави веќе со години.

Во сезоната 2015/16 му поништил чист гол на Герет Бејл, а во сезоната 2016/17 не досудил пенал за Кристијано Роналдо. Една сезона подоцна не досудил прекршок на Суарез, кој претходел на голот на Меси, а потоа не досудил ни пенал за Марсело.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јувентус загуби од Фиорентина и само ќе сонува за ЛШ!

Екипата на Јувентус претрпе тежок пораз со 0:2 од Фиорентина во натпревар од 37-то коло на…