Дома Македонски спорт Мак фудбал Од Вардар си замина и најдобриот: Црвено-црните се збогуваа со Аврамовски 📸

Од Вардар си замина и најдобриот: Црвено-црните се збогуваа со Аврамовски 📸

Oна што беше јасно од пред некое време денес доби само официјална потврда.

Вардар денес и официјално се збогуваше со својот најдобар фудбалер за минатата сезона Даниел Авромовски. Аврамовски беше најдобар стрелец во првата лига со 10 гола и лидер на црвно-црните до прекинот на првенството поради корона-кризата.

Иако имаше договор со црвено-црните тој си заминува поради финансиската криза која го зафати најтрофејниот македонски клуб.

“Оваа сезона беше последна во дресот на Вардар и за Даниел Аврамовски, кој дојде во Вардар во зимскиот преоден рок 2019 година од екипата на Олимпија.
Во „црвено-црниот“ дрес одигра вкупно 41 натпревар со постигнати 12 голови.

Фудбалскиот клуб Вардар на Даниел, кој беше интегрален дел од минатогодишната шампионска титула му се заблагодарува на досегашната соработка и му посакува многу успех во понатамошната кариера.

Благодариме Цујо!“, стои во објавата на Вардар на социјалните мрежи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Знаевте ли дека Нафиу бил соиграч со Сон? „Ми честиташе и ми кажа дека сум дал супер гол“

Минатата недела во Скопје на дуел со Шкендија гостуваше англискиот гигант Тотенхем. Тотенх…