Дома Фудбал Лига на шампиони Од Ајакс порачуваат: И Реал Мадрид беше фаворит

Од Ајакс порачуваат: И Реал Мадрид беше фаворит

0
de jong

Во четвртфиналето од Лигата на шампионите помеѓу останатите парови силите ќе ги одмерат Ајакс и Јувентус.

Ждребот ги спои холандскиот и италијанскиот гигант. Јувентус секако е фаворит во овој двомеч, но може ли некој да го отпише Ајакс после онаа спектакуларна ноќ на „Сантијаго Бернабеу“.

Френки Де Јонг кој има договорен трансфер во Барселона на крајот од сезоната е еден од најдобрите играчи на холандскиот клуб. На Де Јонг му претставува големо задоволство што ќе игра против Кристиано Роналдо, но порача и дека Реал Мадрид исто така бил фаворит во осминафиналето против.

„Јувентус сигурно е еден од најтешките ривали кои можевме да го добиеме. Го гледав нивниот реванш натпревар против Атлетико во кој славеа победа со 3:0. Играа навистина одлично. Јувентус секако ќе биде фаворит, но не заборавајте дека и Реал беше фаворит против нас. Така верувам дека имаме шанса за пласман во полуфинале“, изјави Де Јонг кој потоа зборуваше за Роналдо.

Кога јас имав 10-12 години, Роналдо веќе беше еден од најдобрите играчи во светот. Ќе биде навистина убаво што ќе имам шанса да играм против него“

Првиот натпревар помеѓу овие два клуба се игра во Холандија на 10-ти април на „Јохан Кројфт“ арената додека реваншот е закажан за на 16-ти април во Торино.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Најбрзите во Премиер лигата: Голманот на Фулам бил побрз од Салах!

Сезоната во Премиер лигата е завршена, а сега е откриено кои играчи беа најбрзи во ова нат…