Дома Фудбал Одреден судијата за Ел Класико, во Каталонија незадоволни

Одреден судијата за Ел Класико, во Каталонија незадоволни

Хуан Мартинез Мунуера беше избран од Судиската комора на Шпанија да биде главен арбитар на дуелот помеѓу Барслеона и Реал Мадрид во сабота.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


38-годишниот судија од Валенсија за прв пат во кариерата ќе суди на Ел Класико, а каталонските медиуми се незадоволни од изборот.

„Мундо Депортиво“ го обвини Мунуера за тенденциозно судење на полуфиналето од Купот помеѓу Билбао и Барса кога наводно не беше досуден пенал на Де Јонг.

Истиот судија две недели порано го судеше дуелот помеѓу Реал Мадрид и Севиља кој го добија „кралевите“ со 2:1, кога не беше досуден сомнителен пенал за тимот од Андалузија.

Ел Класико ќе се игра в сабота од 16 часот, а двата гиганти влегуваат по порази во претходното коло во Примера

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еквадор го промени капитенот среде Мундијалот

Енер Валенсија повеќе нема да биде првиот капитен на Еквадор во продолжението на Мундијало…