Дома Фудбал Англија Одреден датумот за почеток на новата сезона во Премиер лигата

Одреден датумот за почеток на новата сезона во Премиер лигата

Челниците на Премиер лигата денеска ги објавија датумите за старт на новата сезона во најсилната лига во светот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според тоа нема да чекаме долго за старт на новата фудбалска сезона во Англија. Таа ќе започне на 12 септември 2020 година, а доколку се дозволат условите со пандемијата на коронавирус, таа ќе заврши на 23 мај следната година.

Премиер лигата исто така објави дека ќе ги продолжи консултациите со Фудбалската федерација на Англија и англиските лиги за што побрзо да се дефинира календарот за сите домашни натпреварувања, а дури потоа ќе го одреди распоредот на натпревари за новата 2020/21 сезона.

Помеѓу завршувањето на Премиер лигата и стартот на Европскоро првенство ќе има точно 18 дена.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Барса официјално се раздели со голманот, кој 14 години беше дел од клубот

Барселона официјално објави дека клубот постигнал договор со грчкиот Панатинаикос за транс…