Со ждрепката во Париз беа одредени групите за женското Европско првенство во ракомет што од 29.ноември до 16.декември ќе се одржи во Франција.
Домаќинот на шампионатот Франција ќе биде во Б групата која ќе се игра во Нанси.

Распоред на групите:
А група (Нант): Данска, Шведска, Полска и Србија.
Б група (Нанси): Франција, Црна Гора, Русија, Словенија.
Ц група (Монтбилар): Унгарија, Шпанија, Холандија, Хрватска.
Д група (Брест): Норвешка, Германија, Чешка и Романија.

Титулата европски првак ја брани Норвешка.
Македонија настапот во квалификациите го заврши на третото место во групата зад Шведска и Србија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

Џинот Калараш ново засилување во Вардар!

Рускиот репрезентативец Глеб Калараш ќе биде нов играч на РК Вардар. Се работи за кружен н…