Дома Фудбал Одлуката ќе биде на Лоптеги: Карвахал ги помина прегледите

Одлуката ќе биде на Лоптеги: Карвахал ги помина прегледите

Солзите во очите на Дани Карвахал во финишот од првото полувреме во финалето од Лигата на шампионите против Ливерпул зборуваа дека Шпанецот би можел да го пропушти Светското првенство.

Над Карвахал денес беа направени последните лекарски прегледи и ситуацијата е следната: Повреда на мускулот и пауза од 15 до 20 дена.

Тоа значи дека ќе биде спремен за Мундијалот, но одлуката на крајот ќе ја донесе селекторот Лоптеги.

Шпанија првиот натпревар го игра за 19 дена против Португалија и очекувањата се Карвахал да се најде во составот. Можеби нема да игра на првиот натпреварот, но најважно за него е да отпатува.

Денешните прегледи треа три ипол часа и резилтатите за десниот бек на Реал Мадрид се позитивни, но како што кажавме последниот збор ќе го има Лоптеги.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Руни не сака одземените титули на Сити, но сака да ги испратат во најниска лига

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Вејн Руни изјави дека неговиот поранешен клуб н…