Дома Фудбал Останато Одлични вести за сите навивачи на Ливерпул: Регионален собир во Скопје!

Одлични вести за сите навивачи на Ливерпул: Регионален собир во Скопје!

0

Oдлични вести за сите навивачи на Ливерпул, 9-тиот регионален собир на навивачи на „црвените“ ќе се одржи во Скопје.

„Бууууум! Традицијата продолжува! После собирите во Сараево, Зрењанин, Скопје, Котор, Љубљана, Загреб, повторно Сараево и Белград, 9тиот регионалнеи собир на навивачи на Ливерпул се враќа во Скопје на 27.10.2019 за натпреварот помеѓу Ливерпул и Тотенхем. Собирот ќе се одржи во BackYard Lounge Bar & Kids Area. Веќе ви е познато како се одвиваат работите. Дружбата почнува со “загревање” една вечер пред собирот (мнооооооогу пиво и ракија). На денот на собирот ќе имаме традиционален турнир во мал фудбал (со мали измени и твистови 😜), па одиме со уште малку “загревање” пред натпреварот. На крај ги оставаме грлата од пеење за време на мечот.

Често поставувани прашања:
Дали ќе има маички за собирот? Да. Ќе има објава како може да нарачате маица.
Дали ќе има наградна игра? Да.
Дали ќе има изненадувања? Да.
Дали ќе има закажување на места за седење? Не. Одиме на принципот прв доден, прв послужен. А и онака кој седи на регионалните собири?!
Како можете да ги добиете сите вести и новини во врска со собирот? Сите работи ќе ги објавуваме на овој настан.

Стоиме на располагање за сите дополнителни прашања во однос на собирот. Исто така доколку не сте од Скопје и ви треба логистичка помош за наоѓање на смештај и слично, не се двоумете да не прашате“. стои во објавната на Фејсбук евентот.

Повеќе информации за овој собир можете да најдете – тука.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Во Јунајтед се работи со полна пареа: Наскоро нов потпис!

Во Манчестер Јунајтед работат со полна парера. Неодамна договорите со Манчестер Јунајтед г…