Дома Фудбал Одлични вести за Милан: Постигнат договор со Леао, познати и детали!

Одлични вести за Милан: Постигнат договор со Леао, познати и детали!

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Милан постигнал вербален договор со Рафаел Леао за продолжување на соработката.

Според последните информации Милан ќе го направи Леао најплатен во тимот, но и ќе го подмири неговиот долг кон Спортинг од околу 19 милиони евра.

Подоголо време Португалецот и Милан водеа преговори за продолжување на соработката и сега изгледа е постигнат договор.

Милан прифатил да го подмири долгот на напаѓачот, а со пет милиони евра би бил најплатен фудбалер во тимот.

Сега ќе треба да се договорат и останатите детали, но од голема важност ќе биде Милан да обезбеди и настап во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Атлетико има шанса за врвот, но Симеоне гледа само кон Леванте

Победа над Леванте може да го искачи Атлетико на првото место во Ла Лига. За Диего Симеоне…