Манчестер Сити утре го игра еден од најважните натпревари сезонава, против Арсенал, а Гвардиола доби одлични вести пред мечот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Имено, напаѓачот Ерлинг Халанд ќе биде спремен да игра во дербито. Тој беше заменет на полувремето против Астон Вила поради проблем со бутниот мускул.
Сепак, Халанд учествуваше на вчерашниот тренинг на „граѓаните“ и се чини дека ќе биде спремен да се најде во стартниот тим.
Со победа над Арсенал, Сити ќе се искачи на врвот на табелата, но со еден натпревар повеќе.