Дома Трансфер зона Одличен трансфер: Лајпциг го доведе напаѓачот на Ајакс

Одличен трансфер: Лајпциг го доведе напаѓачот на Ајакс

Талентираниот холандски напаѓач, Брајан Броби е нов играч на Лајпциг, потврди германскиот клуб.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Младиот напаѓач ќе остане во Ајакс до крајот на сезоната, а на лето ќе се пресели во Лајпциг каде потпиша договор до 2025 година.

Броби се смета за еден од најталентираните холандски фудбалери, па за Лајпциг ова е одличен трансфер бидејќи играчот доаѓа како слободен агент.

Неговиот договор со Ајакс истекува на крајот на сезоната, а Лајпциг уште еднаш покажа дека одлично работи на трансфер пазарот.

Броби оваа сезона постигна 13 гола на 25 натпревари во сите натпреварувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…