Дома Фудбал Одигра само 17 минути, а Барса ќе му плати 8,5 милини евра

Одигра само 17 минути, а Барса ќе му плати 8,5 милини евра


Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓



Каталонскиот суд донесе одлука во спорот помеѓу Барселона и поранешниот играч на овој клуб Матеус Фернадес.

Судот и наложи на Барселона да му плати на Фернандес од 8.500.000 евра, пренесуваат тамошните медиуми.

Фернандес пристигна во Барселона во 2020 година од Палмеирас со отштета од седум милиони евра. Потпиша договор со Барселона до крајот на 2025 година во кој имаше откупна клаузула од 300 милиони евра.

Во сезоната 2020/21, Бразилецот одигра само 17 минути за Барселона во натпреварот од Лигата на шампионите против Динамо Киев, а Барса го ослободи летото 2021 година.

Барселона реши да ја прекине соработката со Фернандес и тоа го направи преку електронска пошта, а тој реши целиот случај да го однесе на суд.

Неговите адвокати бараа отштета од 14 милиони евра, но одлуката на судот е сумата да биде 8.5 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Баерн го предупреди Ноер: Тоа што го направи не му доликува!

Викенд најава: Интер - Милан, Тотенхем - Ман.Сити и Феенорд - ПСВ ↓↓↓ Мануел Ноер си напра…