Искусниот германски дефанзивец Матс Хумелс долг период беше без клуб и по заминувањето од Борусија Дортмунд одби неколку понуди за на крајот да ја избере Рома.
Сепак, во Рим воопшто не му оди и би можел да замине по само шест месеци. Во дресот на Рома Хумелс досега одигра само еден натпревар и во него си постигна автогол.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Kaко опција за Хумелс се споменуваат клубови од Азија и Соединетите Американски држави.
Хумелс пред Рома целата своја каирера ја помина во Германија каде што го носеше дресот на Борусија Дортмунд и Баерн. За германската репрезентација запиша 78 настапи.