Taлентираниот фудбалер Мартин Одегард побарал да си замине од Реал Мадрид на позајмица до крајот на сезоната во некој друг клуб.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Репрезентативецот на Норвешка минатото лето се врати на „Сантијаго Бернабеу“ после добрите настапи за Реал Сосиедад и Витесе. Му се предвидуваше дека може да игра значајна улога оваа сезона во кралскиот клуб.
Сепак, Зидан во последно време се потпира на поискусните играчи и момчето кој како тинејџер дојде во Мадрид мораше да се задоволи само со 11 натпревари.
Како што потврди „Марка“, Одегард испратил официјално барање за одење на позајмица и при тоа побарал објаснување зошто Зидан го изоставил од списокот играчи кој утре ќе играат во кралскиот куп.
Договорот на Одегард му истекува на лето 2023 година и извесно дека до целосен трансфер нема да дојде, но позајмица би можела да биде прифатлива опција.