Последните неколку недели беа прилично тешки за Виктор Линделоф. На дефанзивецот на Јунајтед за време на натпреварот против Брентфорд му беше ограбен неговиот дом.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Веста ја потврди сопругата на Линделоф на социјалните мрежи.
Ќе потсетиме, претходно семејството Линделоф имаше проблеми со здравјето на нивниот мал син, а потоа првотимецот на Јунајтед беше и заразен со коронавирус.
Во овој момент тој е во Шведска каде што отпатува за да помине време со своето семејство. Се огласи и тренерот на Јунајтед, Ралф Рагник кој потврди дека Линделоф ќе го пропушти наредниот натпревар против Вест Хем (утре) поради приватни проблеми.