Дома Топ вести ОВА ЌЕ БИДЕ БОМБА: Давид Луиз прави ГОЛЕМ трансфер во најголемиот клуб во светот?

ОВА ЌЕ БИДЕ БОМБА: Давид Луиз прави ГОЛЕМ трансфер во најголемиот клуб во светот?

0

Бразилскиот фудбалер Давид Луиз во јануари би можел да направи голем трансфер.

Одличниот стопер од неодамна е во немилост на тренерот на Челзи, Антонио Конте и се повеќе се пишува за неговото заминување од „Стемфорд Бриџ“.

Неговиот нов клуб би можел да биде Реал Мадрид. Англиските медиуми тврдат дека „Кралевите“ се сериозно заинтересирани за доведување на 30-годишниот стопер и ќе испратат понуда за одличниот Бразилец во зимскиот трансфер период.

Така, Луиз би можел да направи уште еден голем трансфер, а не е позната сумата која клубот од Мадрид ќе ја испрати за Бразилецот.

Покрај Реал, за неговите услуги интерес покажува ПСЖ, Милан и Интер. Во кариерата која ја започна во Виторија, Луиз играше уште во Бенфика и ПСЖ.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе V. T.
Load More In Топ вести

Проверете

Шок за преубавата тенисерка – На Марија Шарапова и се заканува затворска казна!

На познатата убава тенисерка Марија Шарапова и се заканува казна затвор и тоа во Индија. Т…