Дома Фудбал Англија Ова е чудо: Њукасл на чекор од нешто што тешко ќе се повтори и за 1000 години!

Ова е чудо: Њукасл на чекор од нешто што тешко ќе се повтори и за 1000 години!

0

Сезоната на Њукасл на прв поглед не е неверојатна. Тимот на Рафа Бенитез ја држи 13-тата позиција во Премиер лигата и избори опстанок на три кола пред крајот.

Меѓутоа клубот од „Сент Џејмс Парк“ верувале или не игра идентична сезона. Пред нешто повеќе од еден месец овој тим исто така беше на 13-тата позиција со 35 бодови, девет победи, осум нерешени натпревари и 14 порази со гол-разлика 31:40.

Беше тоа идентична статистика како минатата сезона, а сега на три кола пред крајот Њукасл и понатаму го држи истиот ритам. И понатаму се 13-ти со 41 бод 11 победи, осум нерешени и 16 порази со гол-разлика 35-44 што е ист резултат како и пред една година во ова време.

Интересно е што црно-белите минатата сезона завршија на десетата позиција која сега им е одалечена седум бодови. Но, до крајот можат да освојат 44 исто колку што имаа и минатата сезона, а гол разликата им беше 39-47, што е и тоа како можно во последните три кола.

До крајот на сезоната Њукасл гостува кај Брајтон и Фулам, а пред своите навивачи игра против Ливерпул кој се бори со Сити за шампионската титула.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Азар заминува: Познато кој ќе биде нова „десетка“ во Челзи

Еден Азар после одигрувањето на финалето во Лига Европа готово сигурно ќе го напушти Челзи…