Дома Топ вести Ова е епилогот од вчерашните преговори во Париз помеѓу Барса и ПСЖ

Ова е епилогот од вчерашните преговори во Париз помеѓу Барса и ПСЖ

Управата на Барселона и ПСЖ вчера во Париз преговараа за враќање на Нејмар во Каталонија, но конечене договор засега не е постигнат.

После неколку часа вчера вечер преговорите завршиле, а како што пренесуваат медиумите значаен напредок во преговорите не се постигнал и се очекува во наредните денови одново да седнат на места.

И покрај тоа што вчера не беше пронајдено решение управата на Барселона сигурно нема да се откаже и ќе се обидува до крај на преодниот рок да го врати Нејмар.

Според информациите голема е можноста ако се договорат на крај Фелипе Кутињо да заврши во Париз, бидејќи најголем дел од медиумите пренесуваат дека понудата на Барселона била Кутињо, Ракитиќ и 100 милиони евра.

Проблем наводно во овој момент прави и Ракитиќ кој не сака да го напушти „Камп Ноу“.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Михајловиќ се уште има „магија“ во нозете (видео)

Тимот на Болоња попладнево запиша важна победа на домашен терен против Аталанта во Серија …