Дома Фудбал Ова е големата Борусија: 20% помала плата за играчите за 850 вработени да останат во клубот!

Ова е големата Борусија: 20% помала плата за играчите за 850 вработени да останат во клубот!

Играчите на Борусија Дортмунд го прифатија предлогот на управата во текот на периодот на неиграње поради пандемијата од коронавирусот да им се намалат платите за 20% со цел да се зачуваат бројните работни места во клубот.

Додека трае паузата играчите на Борусија ќе зимаат 20% помалку плата од договреното. Во случај да продолжи да се игра без гледачи платите ќе им се намалат за 10%.

Тренерот Лусијан Фавер кој годишно заработува 4.5 милиони евра ја поздрави одлуката да се намалат платите вклучувајќи ја и неговата за некој на кој му е повеќе потребно да ја задржи својата работа.

Борусија за плати годишно троши околу 140 милиони евра и со овој потег раководството ќе заштеди 28 милиони евра. Така сите 850 вработени во клубот на разни позиции ќе си ја задржат работата и ќе добиваат нормална плата и во време на пандемијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Барселона го торпедираше Алавес со 6-1: Рафиња и Јамал со по два гола!

Барселона постигна четири гола до паузата, а потоа ја заокружи убедливата победа над Алаве…