Дома Фудбал Светско првенство во фудбал „Ова Европско првенство е наместено, УЕФА направи се за Англија да дојде до финалето“

„Ова Европско првенство е наместено, УЕФА направи се за Англија да дојде до финалето“

Популарната шпанска телевизија „Ел Чирингуито“ ја обвини УЕФА дека направила се за Англија да има полесен пат до финалето.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Не само што тврдат дека организација е пристрасна, туку и ги истакнуваат судиските грешки кои според нив кулминирале со пеналот кој го доби Англија против Данска. Новинарот Роберто Моралес кој гостуваше во телевизијата отиде толку далеку и зборуваше дека турнирот поради Брегзит не ни требало да се игра во Англија.

Хозе Педерол, главниот водител и заштитно лице на „Ел Чирингуито“ го праша Моралес дали смета дека УЕФА организирала се за Англија да дојде до финалето.

„За мене ова е најсрамното натпреварување. Патетично е. Имаме финале кое припремено за држава која ја напушти Европската унија. Пеналот е само доказ за се што се случуваше“, одговори Моралес.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Ова се чекаше: Меси ги избра фаворитите на Мундијалот!

Иако е во поодминати фудбалски години, големата ѕвезда Лионел Меси воопшто не размислува з…