Дома Фудбал Ова би било шок во светскиот фудабал: ФИФА му се закани на Бразил со суспензија!

Ова би било шок во светскиот фудабал: ФИФА му се закани на Бразил со суспензија!

Бразил доби сериозно предупредување од ФИФА за можна санкција од меѓународните натпреварувања поради потенцијално мешање на политиката во изборот на новиот шеф на организацијата.

Идните претседателски избори во рамките на Фудбалската конфедерација на Бразил, кои ќе се одржат во јануари, будно ќе ги следат претставници на ФИФА и КОНМЕБОЛ, а во случај на нерегуларности оваа организација може да сноси значителни последици.

Светската фудбалска организација е загрижена дека државниот врв преку политика би можел да се вмеша во изборите за нов претседател на националната конфедерација, што е строго забрането и затоа ќе биде испратена посебна комисија во Бразил да ги следи изборите.

Тие ќе пристигнат во Рио де Жанеиро на 8 јануари 2024 година, со цел да го придружуваат целиот процес на избор на новиот прв човек на бразилскиот фудбал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Роналдињо повторно во копачки на 46 години: Го чека место во првиот тим на Равена!

Бразилската легенда е најавена како стартер за дербито со Форли во Серија Ц. Пријателствот…