Дома Трансфер зона Оваа бразилска легенда место Барса можела да заврши во Јунајтед

Оваа бразилска легенда место Барса можела да заврши во Јунајтед

0
rivaldo

Легендарниот бразилски фудбалер кој своите најдобри денови ги помина во дресот на Барселона открива дека имал понуда и Манчестер Јунајтед.

Станува збор за Ривалдо кој во Браселона пристигна во 1997 година од Депортиво Ла Коруња каде што одигра фантастична сезона, а две години подоцна беше прогласен за најдобар фудбалер во светот.

Многумина навивачи на Барселона жалат што Ривалдо настапуваше во генерација на Барселона која не блескаше премногу. Сепак, неговите голови вечно ќе се паметат.

Ривалдо во 2002 година со Бразил стигна до титулата на Светското првенство, а тоа лето одлучи да ја напушти Барселона и својата кариера ја продолжи во Милано. Со Милан успеа да го исполни својот сон и да стигне до титулата во Лигата на шампионите.

Меѓутоа малку кој знае дека Ривалдо пред пристигнувањето во Барселона беше на мета на Манчестер Јунајтед.

„Многу се зборуваше дека одам во Манчестер Јунајтед, не знаец никакви детали бидејќи мојот агент се грижеше за тоа. Знаев дека ме посакуваат Барселона и Јунајтед, а на крајот добив прилика да премина во Барселона и тоа и се случи. Не добив прилика да играм во Англија и не ми е жал поради тоа“, изјави Ривалдо.

Прочитајте поврзани статии
Повеќе S. D.
Load More In Трансфер зона

Проверете

Распродажба во Барса, овие петмина мораат да заминат – Погледнете ги бројките и СЕ ќе ви стане јасно!

Проценките се јасно изнесени, клубот вака едноставно не може да функционира… Барсело…