Дома Топ вести Објавен распоредот и во Ла Лига: Столе дебитира против Барса!

Објавен распоредот и во Ла Лига: Столе дебитира против Барса!

Шпанската Ла Лига како и Премиер лигата претходно, го објави распоредот за новата сезона, па така е познато дека Столе Димитриевски ќе дебитира против Барселона.

Сезоната во Ла Лига започнува викендот 17/18 август и во првото коло ќе има неколку интересни натпревари. Секако ќе биде интересно да се види и првиот натпревар во Ла Лига за Килијан Мбапе.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Реал Мадрид сезоната ја отвора против Мајорка. Димитриевски со Валенсија ќе биде домаќин на Барселона, додека Атлетико Мадрид ќе игра против Виљареал.

Барселона и Реал Мадрид во првото „Ел Класико“ ќе се соочат во 11. коло кон крајот на октомври, додека второто е во месец мај.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Баерн тргнува по ѕвездата на Ливерпул

Раководството на Баерн од Минхен веќе неколку недели безуспешно се обидува да ангажира кри…