Дома Фудбал Објавен распоредот во Ла Лига, Столе уште во првото коло гостува на „Камп Ноу“

Објавен распоредот во Ла Лига, Столе уште во првото коло гостува на „Камп Ноу“

Денес е соопштен распоредот во шпанската Ла Лига, а „жешко“ отварање ќе има македонскиот голман Столе Димитриевски.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Во првото коло Столе и неговиот Рајо ќе и гостуваат на Барселона на „Камп Ноу“. На последното гостување во Ла Лига на „Камп Ноу“ Столе беше херојот на Рајо со одбранетиот пенал на Мемфис Депај.

Првите натпревари во Ла Лига се закажани за на 14. август.

Актуелниот шампион на Шпанија и Европа ќе стартува против Алмерија на гостински терен. Големите дерби средби или „Ел Класико“ ќе се играат на 16. Октомври на „Сантијаго Бернабеу“ и 19. март на „Камп Ноу“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Погледнете го овој чудесен гол во француското дерби

ЛИОН триумфираше над Рен со 4:2 во 32. коло од француското првенство. Овој важен натпревар…