Смртта на Марадона го потресе фудбалскиот свет. Еден од најдобрите играчи на сите времиња почина во својот дом и беше погребан во четвртокот во Буенос Аирес.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Телевизијата „Америка“, ја објави последната гласовна порака која Марадона ја испратил неколку часа пред смртта. Пораката му ја испратил на Марио Баудри, кој е во врска со неговата поранешна сопруга Вероника Охеда.
Марадона и Вероника беа во врска неколку години и заедно го имаат синот Диего Фернандо. Марадона беше многу приврзан со неговиот најмлад син, што го покажува неговата последна порака.
„Здраво, Марио. Овде е Диего. Знам дека ова ќе ти звучи неверојатно, но јас и Веро сме во добри односи и таа ми рече дека е со тебе. Грижи се за неа и особено грижи се за мојот ангел Диего, кого не можам да го споредувам со никого. Погледнете, имам многу деца, но поради ова мало, ќе се борам до крајот“, рече Марадона.