Дома Трансфер зона Обложувалниците тврдат: ТОЈ е веќе играч на Ливерпул!

Обложувалниците тврдат: ТОЈ е веќе играч на Ливерпул!

Прва трансфер цел на раководството на Ливерпул ќе биде доведување на врвен дефанзивец, а прв на листата желби е Вирџил ван Дијк од Саутемптон.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ван Дијк одигра уште една фантастична сезона во Саутемптон и се промовираше во еден од најдобрите дефанзивци во Премиер лигата, па за него интерес покажуваат готово сите англиски гиганти.

Сепак, ако им се верува на обложувалниците тој ќе заврши во Ливерпул бидејќи тие повеќе не примаат облози на неговиот трансфер на „Енфилд“, што е јасен знак.

Ливерпул е во исклучително добри односи со Саутемтон, па во изминатите години голем број на фудбалери од овој клуб се преселија на „Енфилд“, меѓу кои и Адам Лалана, Клајн, Ловрен и Рики Ламберт.

Според медиумите висината на трансферот ќе изнесува околу 50 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…