После неколкуте лоши резултати на Челзи, обложувалниците значително ги намалија квотите за отказ на Антонио Конте.
Моментално квотата за отказ на Конте е 6.00, а некои обложувалници веќе не примаат облози бидејќи се верува дека лош резултат викендов против Лестер ќе значи и отказ за Италијанецот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Иако е само почеток на сезоната и Конте е врзан со богат договор, воопшто нема да биде чудно доколку Абрамович одлучи да го избрка, бидејќи тоа често се случуваше во минатото.
Русинот веќе 12 години е прв човек на Челзи и е познат по тоа што често ги менува тренерите, а некои од нив како Виљас-Боаш и Сколари останаа на клупата само неколку месеци.
Челзи после Лестер го очекуваат натпревари со Евертон и Мидрлсбро, па медиумите се сигурни дека во овие три натпревари ќе се одлучува судбината на италијанскиот стратег.