Дома Топ вести Обамејанг од јануари во Серија А

Обамејанг од јануари во Серија А

Пјер Емерик Обамејанг веќе десетина дена е надвор од тимот на Арсенал бидејќи тренерот Артета го казни поради кршење на дисциплинските мерки.

Обамејанг ги пропушти последните три меча на Арсенал, а му беше одземена и капитенската лента. Прашање е дали ќе биде вратен во тимот, а многу поверојатно е да биде продаден во зимскиот преоден рок.

За него најсилен интерес покажува Јувентус, кој има проблем со реализацијата и во јануари сака да донесе врвен напаѓач.

32-годишниот Африканец има договор со Арсенал до јуни 2023 година, а „старата дама“ за неговиот потпис е спремна да плати 15 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Не е само Дибала, Интер носи уште една ѕвезда на Јувентус

„Газета дело Спорт“ пренесува дека Интер е силно заинтересиран за играчот на Јувентус, Фед…