Дома Топ вести Обамејанг му дал ветување на својот дедо, но Борусија не пушта да го исполни!

Обамејанг му дал ветување на својот дедо, но Борусија не пушта да го исполни!

Пјер Емерик Обамејанг е еден од најдобрите напаѓачи во светот, тој на 108 бундеслигашки натпревари постигна 69 гола, па многу европски гиганти се интересираат за неговиот потпис.

Обамејанг призна дека му ветил на својот дедо пред смртта дека еден ден ќе заигра за Реал Мадрид, но тоа нема да се случи наскоро бидејќи Борусија Дортмунд не сака да ја продаде својата ѕвезда.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Нормално е играч од негов калибар да сака да игра за Реал Мадрид. Обамејанг е еден од најдобрите во светот, но нашиот став е јасен. Не можеме без него да оствариме големи цели, тој ни е неоходен и не сакаме да го продадеме“, јасен беше тренерот на „милионерите“, Тухел.

Обамејанг вечерва со својата Борусија ќе гостува на „Сантиаго Бернабеу“, па пред натпреварот уште еднаш не пропушти прилика да напомене дека е голема навивач на Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Историјата е испишана: Леверкузен влезе во друштво на Јувентус, Милан и Арсенал

Баер Леверкузен денес во последното коло славеше победа од 2:1 против Агусубург и така ост…