Дома Кошарка НЦАА финале: Шести трофеј за Северна Каролина, трет под водство на Рој Вилијамс

НЦАА финале: Шести трофеј за Северна Каролина, трет под водство на Рој Вилијамс

Северна Каролина е овогодинешниот шампион во кошаркарската НЦАА лига во САД. Во финалниот меч ја совладаа Гонзага со 71:65, а со тоа дојдоа до шестата титула во ова натпреварување, трета под водство на тренерот Рој Вилијамс.

Околу 80 илјади гледачи на Националниот стадион во Феникс го следеа спектаклот, на кој кошаркарите на универзитетот од Каролина, за кој своевремено играше легендарниот Мајкл Џордан, беа посконцентрирани во самиот финиш, па по водство на противникот од 65-64 во последните две минути не примија ниту еден поен и со пресврт дојдоа до победата.

Ова беше само втор пораз сезонава за Гонзага, екипа која се надеваше на прва титула. Најефикасен во победничкиот тим со 22 поени беше Џоел Бери, кој вооедно се закити со  признанието МВП на фајналфор турнирот. Кај Гонзага прв поентер беше Најџел Вилијамс – Гос со 15 поени, 9 скока и 6 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Алкалоид шести во Европа, Веи и Ивиќ со медали по табли

Алкалоид и Мулти Есенс го затворија Европскиот клупски куп со победи. Македонскиот шампион…