Арсенал во четвртфиналето од Лигата на шампионите ќе се соочи со германскиот гигант Баерн Минхен, така одреди дешената ждрепка во Нион.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Голманот на Баерн, Мануел Ноер имаше само пофални зборови за англискиот гигант.
„Ќе играме против многу силен тим, имаат навистина добар дух. Не се случајно лидери во Премиер лигата, не чекаат два тешки натпревари и ние ќе дадеме се од себе за да излеземе како победници. Како и да е среќни сме што сме во ситуација да играме вакви натпревари“, изјави Ноер.
Ќе потсетиме, Арсенал во осминафиналето на пенали го елиминираше Порто, додека Баерн со пресврт по поразот во првиот меч се радуваше против Лацио.