Дома Фудбал Ноер не доаѓа во Скопје, Флик повика нов голман

Ноер не доаѓа во Скопје, Флик повика нов голман

Ѕвездата на германската репрезентација Мануел Ноер сепак нема да патува во Скопје за мечот со Македонија во квалификациите за СП.

Селекторот, Ханзи Флик како негова замена го повика Даниел Хоер Фернандез, кој брани за екипата на Хамбург.

Ноер тренира индивидуално и поради повреда не играше на мечот со Романија, но надежите беа дека ќе биде спремен за Македонија.

Тоа значи дека на мечот против Македонија ќе брани Марк-Андре Тер Штеген или Бернд Лено, што и нема да биде голем хендикеп за „панцирите“ со оглед на квалитетот на голманите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Босанскиот ѕид“ го освои Лидс: Би-би-си го вбројува меѓу хитовите на сезоната

Тарик Мухаремовиќ за три месеци ги претвори сомнежите во пофалби. Лидс има една од најцврс…