Дома Останати Кошарка НБА Нов шок за Голден Стејт: Томпсон има скинати лигаменти!

Нов шок за Голден Стејт: Томпсон има скинати лигаменти!

0

Клеј Томпсон на последниот меч со Торонто ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото и ќе паузира помеѓу шест и девет месеци.

Торонто ги детронира „воините“ и стана шампион за прв пат во својата историја. Дваесет и девет-годишниот бек беше фаулиран во третата четвртина од шестиот натпревар помеѓу Голден Стејт и Рапторс, по што го повреди коленото.

Томпсон, кој ја освои титулата на НБА во 2015, 2017 и 2018 година, присилно го напушти теренот, а потоа беше забележан како се движи со патерици.

Голден Стејт не можеше да смета и на Кевин Дурант, кој ја повреди Ахиловата тетива во петтиот натпревар против Торонто. Се очекува Дурант да ја пропушти целата следна сезона во НБА.

Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Историската НБА титула Торонто ќе ја слави пред народ колку цела Македонија! (ВИДЕО)

Торонто во неодамна завршеното финале во НБА лигата стигна до својата прва титула во истор…