Дома Фудбал Нов удар за Јувентус: Познато колку ќе паузира Закарија

Нов удар за Јувентус: Познато колку ќе паузира Закарија

Швајцарскиот фудбалер и играч на Јувентус, Денис Закарија ќе биде надвор од терените три недели поради повреда на бутниот мускул, соопшти денес клубот од Торино.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Јувентус денес потврди дека Закарија го очекува пауза од околу 20-тина дена. Закарија се повреди за викендот во натпреварот против Емполи.

Ова е нов удар за Јувентус откако од претходно Алегри не може да смета на Киеза, Мекени, Киелини и Дибала. Јувентус во овој момент се наоѓа на четвртото место на табелата во Серија А седум бодови помалку од првопласираните Наполи и Милан.

Се очекува Закарија да се врати за дербито против Интерп осле меѓународната пауза во март, а ќе ги пропушти дуелите со Фиорентина во Купот на Италија, Специја, Сампдорија и Салернитана во Серија А, како и реваншот со Виљареал во Лигата на шампионите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нови претрес пред Светското првенство: Фудбалерите пристигнаа на аеродромот и таму ги пречекаа…

Наближувајќи го почетокот на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, многу репрезент…